Токсикоза за време на бременоста е добра за жените

Истражувачи од Торонто откриле дека токсикозата во текот на бременоста помага за здравиот развој на фетусот. Утринската мачнина и главоболките се резултат на одбранбениот механизам што го штити фетусот од токсини. Па поради ова, овие непријатни симптоми всушност се добри. Жените кои страдаат од утринска мачнина често раѓаат здрави деца и поретко доживуваат спонтан абортус. Покрај тоа, токсикозата може да има позитивно влијание на интелигенцијата на детето. Сепак, симптомите како претерано повраќање и силна болка во стомакот не се здрави. Во тој случај веднаш посетете лекар.
Продолжува на страна 4


















