Пронајдените видови на ознаки се кружни, точккасти, триаголни и брановидни.
Ознаките откриени на ѕидовите на една пештера во Франција се „организирани и намерни“ и веројатно биле направени од неандерталци пред повеќе од 57.000 години, велат научниците.
Тие траги, пронајдени на ѕидовите на пештерата La Roche-Cotard во северна Франција, се смета дека се најстарите познати резби направени од изумрен човечки роднина.
Истражувачите изјавиле дека нивните наоди, објавени во списанието Plos One, даваат дополнителни докази дека неандерталците биле „комплексни и разновидни суштества“.
Авторите пишуваат дека петнаесет години по продолжувањето на ископувањата на локалитетот La Roche-Cotard, „откриени се резби кои датираат од пред повеќе од 57.000 години…што ја прави најстара пештера со гравури во Франција, ако не и во Европа“.
За студијата, Jean-Claude Marquet од Универзитетот на Тур во Франција и неговите колеги ги анализирале ѕидните ознаки. Заклучиле дека биле намерни, врз основа на нивната форма, растојание и распоред.
Видовите на пронајдените ознаки се кружни, точкасти, триаголни и брановидни.
Организираните и намерни форми можат да бидат симболични креации, велат истражувачите, но и дека не можат со сигурност да кажат „дали (тие форми) претставуваат симболично размислување“.
Сепак, нашето разбирање за односот помеѓу неандерталците и симболите, па дури и естетските домени, претрпе значителна трансформација во текот на последните две децении, а трагите зачувани во пештерата La Roche-Cotard даваат нов и многу важен придонес за нашето знаење и за однесувањето на неандерталците.
???? más grabados hechos por neandertales…
The earliest unambiguous Neanderthal engravings on cave walls: La Roche-Cotard, Loire Valley, Francehttps://t.co/H3XsISdPqR pic.twitter.com/ZKATBG7Etc— Roberto Sáez (@robertosaezm) June 21, 2023
Тимот, исто така, ги датира пештерските седименти и заклучи дека пештерата La Roche-Cotard била затворена поради полнење на седимент пред околу 57.000 години, долго пред модерните луѓе да се населат во регионот.
Ознаките, заедно со камените алатки пронајдени во пештерата, даваат силен доказ дека гравурите се дело на неандерталците, велат истражувачите.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















