Храна којашто ќе ве држи сити подолго време

531

Наместо да јадете храна којашто содржи многу калории, со цел да се чувствувате најадено, одберете храна којашто е поздрава и ќе го стимулира вашиот апетит!

Секоја жена сака да има витко тело, па затоа поголем дел од жените одлучуваат да држат диети со цел да ја избегнат калоричната храна и за побрзо време да ја добијат посакуваната фигура. Но, поголем дел од диетите претставуваат всушност изгладнување коешто може да доведе до многу лоши последици.

Затоа, наместо да држите диети одберете намирници коишто се здрави, а ќе го задоволат вашиот апетит и подолго време ќе чувствувате ситост.

Јајца

За појадок јадете две варени јајца и ќе забележите дека нема да осетите глад до ручекот. Тоа е така, бидејќи јајцата се полни со протеини и го контролираат апетитот. Исто така, јајцата ќе ви помогнат побрзо да ги намалите вишокот килограми, но запомнете дека не треба да конзумирате леб и други печива.

Јаболка

Јаболката се полни со вода и растителни влакна, па затоа прават да се чувствувате сити. Јаболкото содржи пектин, којшто го спречува драстичното покачување на шеќерот во крвта, коешто е одговорно за активирање на гладот.

Авокадо

Авокадото, коешто во последно време е многу актуелно на нашите трпези, содржи голем број на масти, витамини и минерали коишто му се потребни на човечкиот организам. Затоа, авокадото е одличен начин да се чувствувате сити и да внесувате здрава храна.

Овесна каша

Одличен начин да го започнете денот! Овесните каши се полни со диетални влакна, коишто помагаат во одржувањето на дигестивниот систем и влијаат на хормоните кои го регулираат гладот. Покрај тоа, овесната каша побавно се вари во желудникот, па затоа подолго време ќе се чувствувате сити.

Ленено семе

Лененото семе содржи омега 3 масни киселини и растителни влакна, па затоа е добро да додавате една лажица дневно во вашите оброци.

Бадеми, лешници и ореви

Овие јаткасти производи се полни со протеини, масти и влакна, па затоа се одлична ужина којашто ќе ви даде повеќе енергија. Исто така, можете да ги додавате во салатите за да се заситите на побрз и поздрав начин.

Грав, грашок, и леќа

Овие јадења, покрај тоа што ќе ве заситат, тие ќе го забрзат и вашиот метаболизам. Гравот, грашокот и леќата се полни со влакна, витамини и минерали и затоа треба да ги конзумирате почесто.

Риба

Рибата содржи голем број на здрави масти, па затоа би требало секој човек да ја конзумира што почесто. Покрај тоа што е многу здрава, таа ве заситува повеќе од другите јадења.