
Заедно со уште неколку други луѓе, Ирена почнала да им помага на еврејските деца да избегаат од гетото од каде потоа биле праќани во прифатилишта или посвојувани. Но, работата не одела лесно. Голем број на мајки не биле расположени да ги дадат своите деца на непознати лица.
А, никој воопшто не бил свесен дека ситуацијата уште повеќе ќе се влоши и Евреите ќе бидат испратени во концентрациони логори.
Затоа што Германците го држеле гетото под стриктна контрола и обезбедување, Ирена морала да користи разни трикови за да ги спаси децата.
Многу често ги криела во амбулантните возила кои пренесувале тешко болни пациенти, но обезбедувањето станувало сè посериозно, па морала да почне да ги крие и во вреќи, канти за отпадоци, па дури и ковчези.
Ирена успеала да спаси 2.500 деца од сигурна смрт, а информациите за тоа каде се кријат децата, ги чувала сокриени во конзерва во градината на нејзини соседи.
Нејзините методи функционирале совршено сè додека Германците не сфатиле што се случува. Тогаш Ирена била затворена и измачувана. И покрај болката и понижувањето, таа никогаш не ги издала информациите за тоа каде се кријат децата.

На крајот, Нацистите се откажале и ја осудиле на смрт. Но, судбината имала други планови за неа. Некој успеал да подмити војник стражар за таа да избега. Од тој момент, па сè до нејзината смрт, таа живеела под лажно име и никогаш не престанала да помага на другите.
По војната, Ирена ја откопала конзервата и ги предала информациите на владиниот комитет за да ги лоцираат Евреите кои преживеале.
Продолжува на страна 3


















