Хороскопски знаци со висок коефициент на негативна енергија

1341

Постојат луѓе кои, поради тешки животни ситуации, развиле трајно циничен и горчлив пристап кон животот, поради што не е лесно да се биде во нивно друштво и да се дружите со нив.

Тоа се следниве хороскопски знаци:

Овен

Кога луѓето родени во знакот на Овен се под стрес, тие прават сите околу нив да бидат под стрес! Стануваат хипер-агресивни и досадни и воопшто не се двоумат да им го расипат денот на сите околу нив со својот лош став и постојано жалење.

Близнаци

На близнаците често им е тешко да донесат правилни одлуки. Кога ќе изберат погрешна работа поради нивната неодлучност, стануваат вознемирени и досадни. Во моменти како овие, тие не се баш најдобрите луѓе за дружење.

Девица

Девиците се свесни и совесни. Тие веруваат дека, бидејќи се перфекционисти, имаат право да доминираат во однос на другите и отворено да ги критикуваат на остар начин, без да размислат дали некого ќе повредат. Тие честопати можат премногу да се занесат во критиките и да ги повредат своите најблиски.

Водолија

Водолиите сметаат дека се супериорни во однос на другите. Тие се чувствуваат како да се на училиште. Ова ги тера да започнат да даваат горчливи и цинични коментари и на крајот да се дистанцираат од другите луѓе, пренесува „Пинквил“.