ГЕНЕТИЧАРИТЕ ОТКРИВААТ ! Луѓето со оваа крвна група имаат поголема веројатност да добијат мозочен удар

1604

Луѓето со крвна група А имаат 16 отсто поголеми шанси да добијат мозочен удар пред 60-тата година од животот.

Како што известува Science Alert, крвните групи ја опишуваат богатата разновидност на хемикалии прикажани на површината на нашите црвени крвни зрнца.

Меѓу најпознатите се оние наречени А и Б, кои можат да бидат присутни заедно како АБ, поединечно како А или Б, или воопшто да не се присутни како нула.

Дури и во овие главни крвни групи, постојат одредени варијации кои произлегуваат од генската мутација. Во студија чии резултати се објавени во 2022 година, генетичарите откриле директна врска помеѓу генот на подгрупата А1 и раниот почеток на мозочниот удар.

По здружување на податоците од 48 генетски студии кои опфатиле приближно 17.000 луѓе со мозочен удар и речиси 600.000 контроли без мозочен удар на возраст од 18 до 59 години, тие откриле дека луѓето чијшто геном шифрира за варијација на крвната група А имале 16 отсто поголеми шанси да доживеат мозочен удар порано во живот во споредба со популацијата на другите крвни групи.

За оние со генот О1, ризикот бил помал за 12 проценти.

– Сè уште не знаеме зошто крвната група А претставува поголем ризик од ран мозочен удар. Претпоставуваме дека веројатно има врска со факторите на коагулација, како што се тромбоцитите и клетките што ги обложуваат крвните садови, како и други циркулирачки протеини кои играат важна улога во формирањето на згрутчување на крвта – објаснува васкуларниот невролог Stefan Kittner од Универзитетот во Maryland и еден од авторите на студијата.