Психички ефект
Веќе споменавме дека жените се „шампиони“ во карање, а мажите не се ни близу до тоа. Но, она што е интересно е тоа што иако ние сме поемотивни, кавгите имаат многу поголем психички ефект врз мажите. Ним веројатно многу побргу „ќе им се дигне притисокот“, а истовремено и побргу доаѓаат до моментот кога се повлекуваат во себе.
Во тој случај, направете сè што можете за да ја смирите топката и без притоа да приредувате преголема драма. Кавгата нека биде едноставна праведна борба.
Чувство на вина
Ако вашиот партнер се почувствува нападнат, особено ако истовремено се чувствува и крив за нешто, многу е можно да се повлече во себе. Истото важи и ако почувствува дека неговите аргументи не се прифатени од ваша страна.
Начинот да го избегнете тоа, повторно лежи во смирениот пристап, при што ќе му дозволите да каже што мисли, сослушајте го и дадете му до знаење дека сте чуле што ви зборува, а дури потоа кажете го своето мислење. Имено, тоа е многу подобар начин одошто тој да се повлече во себе во средина на разговорот.
Повредени и навредени
Многупати мажите се затвораат во себе бидејќи егото им е повредено или не сакаат да бидат уште повеќе повредени. Иако не ги покажуваат своите чувства како што тоа го прават жените, не значи дека ги немаат, туку напротив некои мажи се уште поемотивни од жените. Освен егото, на мажите важна им е и почитта. Имено, кога во текот на кавгата користите зборови кои можат да ги навредат ( а понекогаш едноставно не можете да се воздржите), големи се можностите да се повлечат во себе. Обидете се во кавгата да не користите погрдни зборови и фрази, или пак споредби.
Ве заштитува
Верувале или не, мажите знаат да се повлечат во себе понекогаш само за да ве заштитат. Како што веќе прочитавте, тие многу побргу ја достигнуваат точката на „издржливост“ во кавгата, што може да ескалира до „забранетата точка“, па потоа се повлекуваат во себе. Имено, тоа на некој начин е одбранбен механизам со кој си овозможуваат да се смират. Ако доволно го знаете вашиот партнер, сигурно знаете да препознаете кога дошла точката која ги преминува границите. Немојте да дозволите кавгата да прерасне во нешто поголемо – смирените глави размислуваат подобро од возбудените.



















