Страст
Алфа мажите се движат од страста, од своите желби, потреби, цели и соништа. Светот кој се стремат да го изградат за себе во многу случаи се покажува несоодветен за некои жени. Нивната партнерка треба да биде исто толку страсна , спонтана, за да се почувствуваат на едно друго ниво и за да можат да продолжат да се развиваат како двојка. Во сексот постојано сакаат да експериментираат.
Непредвидливоста
Алфа мажите сакаат да им е интересно во љубовта. Возбудата доаѓа од загатката, непредвидливоста, непознатото во една жена. Жената не смее да се открива целосно уште на самиот почеток на нивните односи. Таа мора да е како мозаик, бидејќи алфа мажот сака да ја истражува личноста.
Самоувереност
Алфа мажот е независен и уверен во себе. Тој го прави она што го сака, кога сака. Затоа во љубовта има потреба од сакана, која ќе биде исто толку независна, со која ќе дејствуваат спонтано, или која не се спротивставува на неговите ненадејни одлуки.
Од друга страна жената до него треба да е одлучна, да може да ја преземе контролата во некои ситуации. Неодлучноста дефинитивно не е секси за овој тип мажи.



















