Јарец
Јарците живеат на Земјата, буквално и фигуративно, па никогаш не ја губат ладната глава. Истрајни се и многу одговорни. Подеднакво добри шефови и работници. Најмногу Јарци работат во подрачјето на уметност, дизајн, архитектура и подготовка на храна.
Водолија
Познати се како неконвенционални луѓе пред своето време, често се изумители. Независни се, но и длабоко поврзани со луѓето. Имаат природна дарба за разбирање на новата технологија, а тоа се одразува на нивните умови. Нивното подрачје е астрономија, фотографија, воздухопловство и компјутерство. Учесниците во анкетата се занимавале со продажба, работа во војска, инжењерство, подготовка на храна и превоз. Водолиите спаѓаат во променливите знаци, па често ја менуваат работата.
Риби
Рибите се најчувствителниот знак во зодијакот, па често сакаат да се претставуваат како маченици. Многу се емпатични и често ги ставаат утѓите потреби пред своите. Затоа им одговараат работи од подрачјата на здравството и социјалната работа.



















