Денот на жената – 8 март

1006

Изложбата содржи две пригодни поштенски марки, плик на првиот ден и поштенска марка, отпечатена во тираж од 25.000 примероци и пуштена во оптек на 28 февруари.

Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник на кој се слават економските, политичките и социјалните достигнувања на жените.

За прв пат е одбележан во САД на 28 февруари 1909 година, но следната година, на првата меѓународна конференција на жените во Копенхаген, на иницијатива на Клара Цеткин, е одлучено 8 март да се одбележи како Меѓународен ден на жената, во спомен на протестите на жените, работнички во текстилната индустрија, одржани во Њујорк во 1857 година.

Clara Zetkin

Како Меѓународен ден на жената, 8 Март првпат официјално е одбележан во 1911 година, а го одбележаа повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

Во почетокот на 1970-тите, Обединетите нации официјално го прогласија 8 март за Меѓународен ден на жената, а денес се слави низ целиот свет, а во повеќе од 55 земји е официјален национален празник.

Востановената практика и обичаи на одбележувањето на Денот на жената ширум светот се слични – тоа е ден кога на жените им се посветува посебно внимание, се подаруваат цвеќе и подароци и им се честита денот.

Сепак, Денот на жената е многу повеќе од тоа – признание на сите жени за нивните општествени, научни, политички, креативни, спортски и сите други лични достигнувања и охрабрување и поддршка да се направи уште повеќе за промовирање на правата на жените и борба за целосна еднаквост.