Денес е Ден на разводите

1270

Првиот понеделник од новата година го заработил прекарот Ден на разводи од адвокатите, бидејќи тогаш се поднесуваат најмногу барања за раскинување на бракот.

Според статистика првиот месец од годината како целина е мрачен за браковите, бидејќи најчесто во јануари луѓето “брзаат” да се разведуваат или се впуштаат во вонбрачни авантури, соопшти “Дејли стар”.

Првата работна недела на јануари и најчесто првиот работен ден по празниците се работни за бракоразводните адвокати.

Стресот, на кој биле подложени многу парови во празничниот период, во крајна линија доведува до зголемување на разводите во почетокот на новата година, објаснува Аманда МекАлистер од правната фирма “Слејтер и Гордон”.

Од друга страна, од сајтот Illicit Encounters за запознавање на семејни луѓе сметаат дека во првата работна недела од новата година многу луѓе почнуваат вонбрачна афера. Причината повторно е стресен празничен период, кој поттикнува истовар од тензиите преку неверство.

Јануари е и месецот во кој најмногу Британци бараат среќа со нов партнер. Сведоштво за тоа е зголемената со 75 проценти активност во посредничките сајтови.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.