Дали си одговарате според хороскопскиот знак?

403

Во астрологијата секој хороскопски знак има свој партнер.

Секако, ова не значи дека на пример Близнаците задолжително треба да излегуваат со Вага, но ако тоа го сторат, шансата за возбудлива врска е поголема.

Две лица, чии хороскопски знаци се силно компатибилни ќе се разбираат многу лесно, бидејќи се на ист енергетски бран.

И обратно – за оние кои се разминуваат, ќе биде потешко да изградат стабилна врска.

Помалку компатибилните парови учат на толеранција, за да постигнат хармонични односи.

Како што знаете, хороскопските знаци доживуваат одредена припадност кон земните елементи:

Оган  Овен, Лав, Стрелец

Земја  Бик, Девица, Јарец

Воздух  Близнаци, Вага, Водолија

Вода  Рак, Скорпија, Риби

Кога помеѓу две лица има сличен знак на знак или еднаков елемент, тогаш нивната компатибилност е поголема и тие ќе се разбираат.

Подолу е прикажан графикон во кој можете да дознаете колку сте компатибилни со сегашниот партнер.