Дали храната за брза достава полека не убива? Еве што велат експертите

219

Според едно претходно истражување, пластичен сад во микробранова печка може да ослободи дури 4,2 милиони микропластични честички на квадратен сантиметар.

Следниот пат кога ќе нарачате испорака на храна, направете си голема услуга и префрлете се на класична чинија. Една нова студија, објавена во списанието Ecotoxicology and Environmental Safety, покажа дека консумирањето храна од пластични садови за испорака на храна може значително да го зголеми ризикот од конгестивна срцева слабост.

Податоците што ги наведуваат во студијата откриваат дека честото изложување на пластика е значително поврзано со зголемен ризик од конгестивна срцева слабост, бидејќи тие го менуваат биомот на цревата, што потоа предизвикува воспаление кое го оштетува циркулаторниот систем.

Според истражувачите, пластиката може да содржи која било од околу 20.000 хемикалии, од кои многу претставуваат ризици по здравјето. Иако нивната работа не испита точно кои хемикалии од контејнерите за храна влегуваат во самата храна, тие забележаа врска помеѓу вообичаените пластични соединенија и срцевите заболувања и помеѓу биомот на цревата и срцевите заболувања.

За време на тестирањето, тие ставија врела вода во контејнерите за една, пет и 15 минути. Имено, познато е дека хемикалиите од пластиката се ослободуваат во многу поголеми количини кога содржината на пластичен сад е жешка. Според едно претходно истражување, пластичен сад во микробранова печка може да ослободи дури 4,2 милиони микропластични честички на квадратен сантиметар.

Истражувачите потоа им дадоа на стаорците вода од пластични садови да пијат и го анализираа биомот на цревата и метаболитите во изметот во текот на неколку месеци.

Истражувањето покажа дека консумирањето таква вода ја менува микросредината во цревата, влијае на составот на цревната микробиота и ги модифицира метаболитите на цревната микробиота, особено оние поврзани со воспаление и оксидативен стрес, напишаа истражувачите во студијата.

Позитивно е што се повеќе ресторани кои нудат испорака на храна користат еколошки алтернативи на пластиката, како пакување храна во картон или фолија, а исто така обезбедуваат и дрвени прибор за јадење.