Чистотата е половина здравје, но нечистотијата е другата половина

1705

Денес е ретко да се види деца како сами играат во парковите. Родителите како да станале опседнати со чистотата и децата ги држат како под стаклено ѕвоно, па тие не доаѓаат во контакт со микробите кои се многу важни за изградбата на имуниот систем на детето.

Денешните деца почесто се разболуваат на пример од децата пред 15 години, многу од нив боледуваат од различни алергии, астма, егземи, имаат одредена интолеранција на храна, а секоја година се зголемува бројот на заболени деца.

Алерголозите тврдат дека токму преголемата чистота е виновна за пораст на заболувања кај децата. Чистотата е половина здравје, но нечистотијата е другата половина.

Исто така децата се премногу изложени на зрачењето од мобилните телефони и модемите за безжичен интернет кои можат да бидат причина за ослабен имунитет и причина за алергиски реакции.

Брзата храна исто така е опасна и непожелна.

Алерголозите советуваат децата да растат со некое животно, куче или мачка, бидејќи на тој начин детето е повеќе изложено на бактерии и уште на рана возраст го гради имуниот систем.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.