Алкални намирници за здраво тело

334

Многу болести потекнуваат од киселата средина во телото. На пример хеликобактер пилори опстанува во кисела средина, како и голем дел канцерогени клетки.

Доброто во борбата против болести е што самите можеме да си помогнеме хранејќи се одреден период со алкални намирници. Тие ја неутрализираат киселата средина во телото и му помагаат да се бори против вируси и бактерии.

Здравите личности треба да јадат балансирано, 50% кисела и 50% алкална храна, додека кај оние кои страдаат од хронични болести најдобро е 80% од исхраната да биде алкална.

Поради тоа, зачувајте го следниов список на алкални намирници, за секогаш да знаете како да ја комбинирате исхраната:

Свежи и сушени кајсии, свежи јаболки, зрели банани, грозје и сок од грозје, суви и свежи сливи, цреши, сок од лимон и портокал, праски, лубеница, диња, свежи и суви смокви, рибизла, брусница, јагода и шумски овошја, зелка, карфиол, целер, свежи краставици, свежо цвекло, морков, јачмен, овес и магдонос.

Неутрални намирници се авокадото, тиквата, бадемите, обичниот и слаткиот компир, киноа и амарант, маслиново и кокосово масло и кокосово млеко. Тука спаѓаат и мешунките и индиските ореви, кикириките и ф’стаците.

Изразено кисели се црвените меса, старите сирења, процесираната храна, сувомеснатите производи, рафинираниот шеќер, газираните сокови и белиот леб, како и кафето и алкохолот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.