Вештачката интелигенција може да ги чита мислите на луѓето | Истражувањето покажа интересни резултати

1198

„Покажавме дека нашиот метод може да реконструира слики со висока резолуција со висока семантичка верност од активноста на човечкиот мозок“, се вели во резултатите од истражувањето.

Благодарение на четботот ChatGPT, но и на претходно претставените алатки базирани на вештачка интелигенција како што е DALL-E, добро ни се познати можностите и потенцијалот на вештачката интелигенција.

Вештачката интелигенција може да пишува есеи и песни, да дава прилично прецизни одговори на многу комплицирани прашања, а на еден уметнички конкурс наградата ја освоила сликата направена од вештачка интелигенција врз основа на инпутот на лицето кое се пријавило на тој конкурс.

Но, најновото истражување ни покажа уште поголем потенцијал кој дури можеме да го окарактеризираме како – читање мисли. За среќа, не станува збор за некоја алатка која би ја насочиле кон некое лице и потоа би знаеле за што замислува (иако и такво нешто не треба да се исклучи во иднина), туку се покажа дека вештачката интелигенција може сосема прецизно да покаже за што размислуваат луѓето врз основа на нивните мисли, односно нивната мозочна активност.

Во ова истражување, користен е моделот Stable Diffusion (кој е вклучен и во DALL-E 2 на OpenAI), кој може да создаде соодветни слики врз основа на внесување текст.

Наместо внесување текст, научниците ги користеле резултатите од функционалната магнетна резонанца, која се користи за проценка на локализацијата на мозочната активност врз основа на промените во протокот на крв во активните области на мозокот.

На луѓето кои учествувале во истражувањето им биле покажани одредени комплети фотографии и им била направена функционална магнетна резонанца, а врз основа на резултатите од овие скенирања, вештачката интелигенција создала слики со исклучително висока точност од дури 80 проценти.

Алгоритмот ги користи потребните информации од делови од мозокот вклучени во перцепцијата на сликата, како што се окципиталниот и темпоралниот лобус. Вештачката интелигенција направила вкупно илјада фотографии, вклучувајќи и фотографии од мечиња и авиони, како што им биле прикажани на луѓето кои учествувале во истражувањето.

Најпрво, вештачката интелигенција генерира слики како шум сличен на телевизијата, по што го заменува тој шум со карактеристики што ги препознава во активноста, повикувајќи се на сликите на кои е обучен. Покажавме дека нашиот метод може да реконструира слики со висока резолуција со висока семантичка верност од активноста на човечкиот мозок, објавено е во резултатите од истражувањето.

Daily Mail вели дека научната заедница активно работи на комбинирање на вештачката интелигенција со резултатите од скеновите на мозокот и тие веруваат дека ова е исклучително важен чекор во „отклучувањето на нашите внатрешни светови“, бидејќи таквата технологија може да помогне во комуникацијата со парализираните луѓе и оние кој не можат да зборуваат.