НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ ВО ДАНСКА ! Научниците откриле ЗАПИС од 5 век, кој е ДОКАЗ за …?!

1716

Данските научници објавиле дека го идентификувале најстариот познат натпис кој се однесува на нордискиот бог Один, на дел од златен диск откопан во западна Данска во 2020 година.

Рунологот на Националниот музеј во Копенхаген, Лизбет Имер, изјави дека натписот претставува цврст доказ дека луѓето го обожавале богот Один уште во 5 век, или најмалку 150 години порано отколку што се мислело, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека на златниот брактат, односно еден вид тенок, украсен привезок, има натпис на кој пишува:

– Тој е човек на Один – што веројатно се однесува на непознат крал или господар.

– Тоа е еден од најдобро изведените рунски натписи што сум ги видела – изјавила Имер.

Руните се симболи кои раните северноевропски племиња ги користеле за да комуницираат во писмена форма, додека Один бил едно од врховните божества во нордиската митологија и често се поврзувал со војна, како и со поезија. Брактеатот откриен во Данска бил дел од складиштето од околу килограм златни артефакти, вклучително и големи медалјони со големина на чинија и римски монети што се користеле за изработка на накит, што е откопано во селото Винделев, наведува АП.

Според податоците на Националниот музеј во Копенхаген, каде што сега е изложена ризницата откриена во 2020 година, повеќе од 1.000 брактати се пронајдени во северна Европа. Специјалистот за антички јазици Кристер Вашус рече дека, имајќи предвид дека рунските натписи се ретки, „секој рунски натпис е од витално значење за тоа како го разбираме минатото“.

– Кога ќе се појават натписи со оваа должина, тоа само по себе е неверојатно. Ни даваат прилично интересни информации за религијата и општеството во минатото – рече Вашус.

АП потсетува дека нордиските народи почитувале многу богови и секој од нив имал различни карактеристики, слабости и атрибути, а врз основа на сагите и некои камења со рунски натписи се појавила информација дека боговите поседувале многу човечки карактеристики и се однесувале како луѓе.

– Таквата митологија може да не одведе понатаму и да не натера повторно да ги истражиме сите останати 200 брактатни натписи за кои знаеме – заклучува Имер.