Островите Љаховски содржат некои од најбогатите палеонтолошки богатства во светот.
Тим научници добиле можност да ја проучуваат древна кафеава мечка која лежела речиси совршено зачувана во замрзнатата дивина на источен Сибир цели 3.500 години.
Ова откритие е апсолутно уникатно: цели труп на древна кафеава мечка, рече Максим Чепрасов од лабораторијата Лазаревски на музејот на мамути на Североисточниот федерален универзитет во Јакутск, Источен Сибир.
Во 2020 година, мечката ја пронашле одгледувачи на ирваси на Арктикот како штрчи надвор од вечниот мраз на напуштениот остров Бољшој Љаховски, дел од архипелагот Новосибирск на околу 4.600 километри источно од Москва.
Бидејќи е пронајдена источно од реката Бољшој Етерикан, била наречена кафеава мечка Етерикан.
Екстремните температури помогнале да се зачува нејзиното меко ткиво 3.460 години, како и остатоците од нејзините последни оброци – пердуви од птици и растенија. Се вели дека мечката е висока 1,55 метри и тешка речиси 78 килограми.
За прв пат труп со меки ткива падна во рацете на научниците, што ни даде можност да ги проучуваме внатрешните органи и да го испитаме мозокот, рече Чепрасов.

Научен тим во Сибир ја засекоа цврстата кожа на мечката, дозволувајќи им на научниците да го испитаат мозокот, внатрешните органи и да спроведат низа клеточни, микробиолошки, виролошки и генетски студии.
Генетската анализа покажа дека кафеавата мечка не се разликува по митохондријалната ДНК од модерната мечка од североисточна Русија – Јакутија и Чукотка, рече Чепрасов.
Тој рече дека мечката најверојатно била стара околу 2-3 години, и дека починала од повреда на рбетот.
Сепак, не е јасно како таа завршила на островот, кој сега е одделен од копното со теснец долг 50 километри. Можеби го преминала мразот, можеби препливала, или можеби островот сè уште бил дел од копното.
Островите Љаховски содржат некои од најбогатите палеонтолошки богатства во светот.



















