Спиеше на подот од канцеларијата, а сега е една од највлијателните луѓе на Твитер

889

Се сеќавате на Esther Crawford? Поранешната директорка за управување со производи на Twitter која спиеше на подот од канцеларијата кога Musk делеше откази? Па, изгледа тој потег и се исплатеше.

Да потсетиме, во ноември, Esther ја сподели својата фотографија со коментар: „кога твојот тим работи дење и ноќе со рокови, тогаш “спиете каде што работите“.

Нејзината фотографија набрзо стана вирална, а многумина ја критикуваа дека ја оправдува токсичната работна средина во Сан Франциско.

Сепак, како што пишува Financial Times, таа навистина остана под покривот на компанијата и на значително подобро место, како една од највлијателните лидери оставена од старата гарда, според приказна за поранешни и сегашни вработени во Twitter.

Извори за ФТ изјавија дека Crawford му се претставила на Musk и обезбедила средба со него еден на еден за да разговараат за плаќањето и креаторите. Овој потег налути многу високи лидери.

Очигледно на Musk му се допадна она што го слушна.

Таа неодамна беше именувана за извршен директор, а упатените велат дека таа е дел од внатрешниот круг на Musk на Twitter – една од само неколкуте жени на оваа позиција.

Како што велат вработените, или ја сакате Crawford или ја мразите.

Некои ја гледаат како некој со харизматична енергија потребна за да помогне во трансформацијата на бизнисот на Twitter, додека други ја гледаат како опортунистка.

Crawford се приклучи на компанијата во 2020 година, а претходно работеше како влогер.