Почина Edson Arantes do Nascimento, во светот на фудбалот познат како Pelé

1046

Легендарниот Edson Arantes do Nascimento Pelé, почина по долго и тешко боледување во Сао Паоло. Имаше 82 години.

Тој одамна го доби прекарот Крал на фудбалот. За многумина тоа остана така и ќе остане засекогаш. Беше волшебник со топката, играч што светот не го виде дотогаш, а и децении подоцна, се до појавата на Диего Марадона.

Роден е во Três Corações (Три срца), Minas Gerais, Brazil, на 23 октомври 1940 година. Името го добил по познатиот американски пронаоѓач Thomas Edison, но, според бразилскиот начин на говорење, засекогаш останал Edson.

Растејќи во предградијата на São Paulo, работел како келнер во локална чајџилница. Тој започна да игра фудбал во локалниот клуб Bauru и ќе остане запаметен како еден од трите клуба каде што кралот играше фудбал. Го тренирал и легендарниот Brito, кој му ја режираше кариерата, препознавајќи го бисерот од фудбалер.

Во 1956 година, Brito го однесе во Santos, сè уште една од легендите на бразилскиот фудбал. Тој само им порача на челниците на клубот:

„Ова момче ќе биде најголемиот фудбалер што светот некогаш го видел“.

Пеле го направи своето деби за сениорскиот тим на 7 септември 1956 година, на неполни 16 години. И веднаш беше стрелец во победата (7:1) над Corinthians.