Ова откритие на суперорганизмот „негативец“ е навистина револуционерно и неочекувано. Никој не би го предвидел ова, вели микробиологот Knut Drescher од Универзитетот во Basel во Швајцарија.
Бактериите и габите можат да ги здружат силите за да предизвикаат големи оштетувања на забите, случајно откриле научниците. Имено, при испитувањето на микробите кои предизвикуваат агресивно расипување на забите кај малите деца, Zhi Ren, стоматолошки истражувач од Универзитетот во Pennsylvaniа, забележал два различни организми кои претставуваат обединет фронт под микроскопот.
Понатамошните истражувања во лабораторија истражувале како овие бактериско-габични агрегати во човечката плунка можат да работат заедно во устата за да предизвикаат болест што предизвикува расипување на забите. Резултатите од истражувањето откриваат неколку „ново развиени функции“, кои ги тераат овие кластери да се однесуваат речиси како сосема нов суперорганизам. Спомнатите новосоздадени функции вклучуваат нови способности за движење и ширење по човечките заби.
Сосема неочекувани можности
Овие споени патогени се фатени како прават работи што инаку не би можеле сами да ги направат. Така, Streptococcus mutans, обично седечка бактерија, повеќе не била поврзана само со плунката. Прилепувајќи се за издолжените краци на квасецот, Candida albicans, бактериите сега можеле да се движат „скокајќи“ и да растат постојано додека се шират.
Ова откритие на суперорганизмот „негативец“ е навистина револуционерно и неочекувано. Никој не би го предвидел ова, вели микробиологот Knut Drescher од Универзитетот во Basel, Швајцарија.
Сепак, не е првпат да се открие дека бактериите и габите работат заедно за да предизвикаат многу човечки инфекции. Покрај тоа, научното знаење за тоа како овие заедници се развиваат и функционираат останува ограничено. Авторите на споменатата нова студија, објавена во научното списание PNAS, во лабораторија откриле дека кластери бактерии всушност можат да се закачат на телото, гранките и надворешните шеќери на габичните квасци.

Отпорен на антибиотици и четкање на забите
Оваа клеточна мрежа за возврат може да се закачи на забите полесно отколку што можат поединечно. „Суперорганизмот“ покажува и посилна толеранција на антимикробни агенси и четкање заби.
Сепак, најлудиот дел од сето тоа е како всушност се движи овој суперорганизам. Додека некои бактерии имаат мали раце што ги користат за да пливаат, S. mutans обично е неподвижна. Всушност, ниту C. albicans ниту S. mutans не можат да се движат како такви, но бидејќи C. albicans може да ги прошири рацете, преставува совршено возило за статичните бактерии. Кога бактериите се закачуваат на овие габични филаменти, тие во суштина можат да „скокнат“ напред и да се спојат со други биофилмови.
Тие се шират многу брзо
Кога ги тестирале суперорганизмите на површини слични на забите, научниците откриле дека бактеријата се движи со брзина од повеќе од 40 микрони на час, што е слично на брзината со која се движат молекулите кои заздравуваат рани во човечкото тело. Во рок од неколку часа по прикачувањето на двата патогени, авторите ги фатиле бактериите како скокаат на подлоги оддалечени 100 микрони, растојание повеќе од 200 пати повеќе од нивната нормална должина на телото.
Никој друг не пријавил ваков тип на мобилност на ниво на група, истакнуваат авторите на новата студија.
Динамичните габично-бактериски интеракции доведуваат до надградби на биофилм кои предизвикуваат екстензивно и посериозно оштетување на површината на забната глеѓ, пишуваат тие.
Ако бактериите и габите некако можат да се спречат да се врзат едни со други, истражувачите мислат дека тоа би можело да помогне да се спречи расипување на забите.
Но, откритието е важно од причини надвор од стоматолошката работа. Тоа би можело да помогне да се објасни како слични суперорганизми шират заразни болести или предизвикуваат контаминација на животната средина со таква брзина.



















