Дали сме на почетокот на третата светска војна ? Нострадамус го кажал своето | “Седум месеци, луѓе мртви од злото”

1301

Додека некои тврдат дека неговите пророштва се двосмислени и предмет на толкување на кого како му одговара, неговите поборници се убедени дека Нострадамус имал увид во древните вештини и јасно ги предвидел идните настани.

Michel de Nostre-dame е француски лекар и астролог, кој сепак останал најдобро запаметен по неговите пророштва кои ги објавил во 1555 година во 353 катрени.

Нострадамус пишувал во релативно енигматичен стил за да ги измами сите оние кои би сакале да го прогласат за вештер и се верува дека предвидел цела низа настани, како што е смртта на францускиот крал Хенри II. па се до 11 септември. Неговите пророштва го вклучуваат подемот на Хитлер и Наполеон, како и многу војни, природни катастрофи и компјутерски вируси.

Додека некои тврдат дека неговите пророштва се двосмислени и предмет на толкување на кого како му одговара, неговите поборници се убедени дека Нострадамус имал увид во древните вештини и јасно ги предвидел идните настани.

Конфликт кој ќе го запали светот

Според толкувањето на неговите пророштва, тој сугерира дека оваа година може да избие конфликт што ќе доведе до Трета светска војна. Нострадамус напишал:

„Седум месеци од Големата војна, луѓе мртви од злото. Rouen, Evreux нема да му паднат на кралот“.

Многу од неговите обожаватели веруваат дека ова би можело да се поврзе со глобалниот конфликт по инвазијата на Владимир Путин на Украина на 24 февруари.

Но, наведувањето на францускиот град Руан, некои наведува на два сосема различни заклучоци. Додека едни веруваат дека ова е јасен знак дека не е далечна војна во Украина која ќе предизвика Трета светска војна, други пак им е јасен знак дека конфликтот ќе се прошири, инаку зошто би се посочувал еден град во Франција дека ќе биде заобиколен.

Тој напишал и за „Небесниот оган на кралската зграда“ – и многумина толкуваат дека ова може да се однесува на „крајот на времето“ или почетокот на новиот светски поредок.

За оваа година, тој, наводно, предвидел војна во Европа – и покрај тоа што, според толкувањата, директно се повикува на француската престолнина Париз.

Делот поврзан со ова гласел:

„Насекаде околу големиот град / Ќе има војници стационирани во полињата и градовите“.