Декодирање на акните – кое е значењето според местото на појава?

1246

Ако страдаме од акни и едноставно не можеме да се ослободиме од нив, без разлика што правиме, има голема веројатност нашето тело да се обидува да ни каже нешто.

Затоа е важно да знаеме како да ја декодираме појавата на мозолчињата.

Методот е познат како “мапирање на лицето” и практикантите на ајурведската и традиционалната кинеска медицина сметаат дека областа во која се појавуваат мозолчињата ја одразува состојбата на соодветен орган.

Затоа, кога во одреден дел на лицето или вилицата ќе се појави пупка, веројатно тоа се должи на прекршокот или дисфункцијата на одреден орган.

Челото

Целото чело се поврзува со разни органи кои го градат дигестивниот тракт, како дебелото црево, тенкото црево, црниот дроб и жолчното ќесе. Освен тоа, сепак, нечистиот или лигав скалп исто така може да биде причина за појава на акни.

Областа помеѓу веѓите

Оваа област се поврзува со состојбата на црниот дроб.

Носот

Носот ни е поврзан во голема мера со срцето и стомакот. Треба да имаме на ум дека сепак и употребата на некои козметички производи, исто така може да е причина за појава на мозолчиња по носот.

Околу очите и слепоочниците

Тоа е зоната, која се поврзува со бубрезите. Ако имаме акни во оваа област или дури црни кругови, најверојатно е време да размислиме за адекватно хидрирање на организмот.

Образите

Додека прашината на различните предмети кои го допираат до лицето, е најчестата причина за акни по образите, причина за појава на мозолчињата може да биде и проблем со белите дробови.

Брадата и вилицата

Појавата на мозолчиња во оваа област често е индикатор за нарушен баланс со хормоните во дигестивниот тракт.

Ушите

Оваа зона се однесува до бубрезите и присуството на акна таму може да биде знак за дехидратација.