Овие знаци издаваат дека жената е несреќна во бракот

2006

Овие знаци јасно покажуваат дека жената не е задоволна од партнеротКога партнерот ја занемарува, жената постепено почнува да се чувствува несреќно во бракот.

Ова се некои од знаците што укажуваат на тоа…

Престанува да комуницира со мажот

Познато е дека жените обожаваат да зборуваат. Ако жената не комуницира, тогаш сигурно постои нешто што ја мачи.

Многу брзо се лути

Кога жените се неисполнети и несреќни, тие се во состојба да избувнат за секоја ситница. Доколку жената многу брзо се лути на вас, тоа е уште еден знак на несреќна жена во бракот.

Секогаш е уморна

Едно истражување открило дека жените во несреќни бракови имаат повисоко ниво на кортизол, што доведува до низа симптоми: хроничниот умор е еден од нив.

Одбива секс

Жените кои се незадоволни во бракот, не сакаат да ги допира партнерот и да се бакнуваат со него.

Има тајни

Кога жената се однесува мистериозно и не сака да го сподели сето она што и се случува во животот, најверојатно нешто не е во ред.

Нема доверба

Кога жената ќе ја изгуби довербата, секоја најмала ситница е под лупа. Таа го проверува телефонот, имејлот… Кога ќе забележите вакви работи, неопходно е да разговарате за да го спасите бракот.

Не обрнува внимание

Кога жената ќе изгуби интерес за мажот, очигледно е дека е несреќна во бракот.

Прави нови чекори во својот живот

Кога жената се посветува на своето хоби и сама излегува од дома, тоа е знак дека е несреќна во бракот. Таа се помалку време му посветува на својот партнер и е во постојана потрага по нови излегувања.

Почнува да мисли само на себе

Несреќната жена во бракот станува себична. Таа си посветува време исклучиво на себе, сама располага со своите пари и емоции.

Го менува својот изглед

Видните промени во изгледот се еден од најголемите чекори дека таа вложува во себе и е подготвена сама да чекори по животната патека, без својот партнер.