Не е тајна дека авокадото е супер плод. Тоа е вкусно, полно со корисни состојки и може да се стави на што ли не – сендвичи, салати, манџи и ордевери.
Но, како со секоја друга храна и со авокадото не треба да се претерува, бидејќи е висококалорично и содржи многу масти.
Клучното прашање е: Колку е премногу, кога станува збор за авокадото?
Нутриционистот Соња Ангелоун, портпарол на Академијата на храната и диетите, тврди дека човек не треба да внесува повеќе од половина плод на ден.
Причината: Додека авокадото е одличен извор на влакна, витамин Е, фолна киселина и калиум, тоа содржи многу масти (добри мононезаситени масти, но сепак масти) и соодветни калории – 250 калории на 21 грам.
“Мастите од авокадото имаат важна цел – тие ја помагаат апсорпцијата на растворливи во масти витамини и растителни соединенија. Освен тоа спречуваат внатрешни воспаленија, ги држат пониски нивоата на инсулинот после јадење и нè држат сити подолго, што не ни дозволува да претераме со храната при следното јадење “, објаснува Анеглоун.
И сепак калориите си се калории и додавате значително количество кон дневната квота, брза да додаде Џули Аптон, коосновач на сајтот за здрава исхрана Appetite for Health. Ако на ден земате по 2000 калории, не треба да си дозволите повеќе од 30 грама авокадо, советува таа.
Се разбира, може да изедете цело авокадо одеднаш и тоа да е доволно за 2-3 дена. Другата опција е да го поделите на порции – 1/5 авокадо е еднакво на 1 порција. Препорачливо е да не консумирате повеќе од 3 порции дневно.
Како и повеќето вкусна храна, најверојатно мислите дека едно авокадо на ден нема да ви наштети. Анкета покажува дека при зголемување на мастите (со земање на едно цело авокадо на ден), ќе ја зголемите масата уште по првиот месец. Ако многу ви се допаѓа плодот, нема проблем да го консумирате секој ден, само во што помали количини, советува Соња.



















