НАЈОПАСНИТЕ ЈАДЕЊА ВО СВЕТОТ

2335

Авантуристите често патуваат таму каде што ги носи стомакот, во потрага по необична и егзотична храна која понекогаш може да биде опасна по живот.

Опасната храна, сепак, не секогаш ја голтаме намерно. Дури и повеќето безопасни намирници може да нѐ разболат, во зависност од тоа како се фатени, складирани или зготвени.

Според Центрите за контрола на болести, околу 10 милиони луѓе (помеѓу 20 и 50 проценти од нив се меѓународни патници) ја доживуваат одмаздата на Монтезума (патнички називот за дијареа). Главните виновници: храната и водата заразени со бактерии на кои локалното население обично станало имуно.

Ако сте од оние кои сакаат да пробаат сѐ што им се нуди во чинија или ако сте само љубопитни, ова се некои од најопасните јадења на светот…

Fugu (Јапонија)

Опасност: Смрт

Фугу, риба позната и како Blowfish, може да ве убие во рок од еден час ако не е правилно подготвена со отстранување на црниот дроб и репродуктивните органи. Готвачите кои ја подготвуваат мора да поминат обука која се фокусира исклучиво на овој вид риба и која трае три години.

Најголемиот пазар за Фугу во Јапонија е во Shimonoseki, а можете да ја купите дури и во супермаркетите (се советува клиентите добро да ја разгледаат документацијата што ја потврдува безбедноста). Некои јапонски производители дури успеале да го одгледуваат нетоксичниот Фугу, иако авантуристите тврдат дека тоа ја одзема сета опасност од играта и желбата да се „живее на работ“.

Casu Marzu (Сардинија)

Опасност: “Myiasis на желудникот“, тешка стомачна болест

Иако не е смртоносно, ова сирење е доволно страшно за да избрка многу гурмани. На прв поглед, тоа е само сирење направено од италијански овци што некои го споредуваат со вкусот на горгонзола. Но, ако погледнете малку подобро – сирењето е полно со живи црви!

Ова сирење се прави така што во рана фаза се изложува на муви, кои можат да изведат јајца во него, кои делуваат како катализатор за ферментација. ЕУ го забрани сирењето, но наводно сѐ уште се произведува, продава и купува на црниот пазар во Сардинија. Познато е дека мештаните го користат ова сирење на забави, како посебно задоволство за туристите, специјални пригоди или дури и како афродизијак. И да – наводно, црвите можат да скокнат од сирењето до 15 см во висина.

Крвни школки (Кина)

Опасност: Хепатитис

Шангајските крвави школки се сметаат за деликатес – деликатес што може да ве зарази со хепатитис! За да бидат подготвени за јадење, тие мора да се зготват внимателно и брзо за да се елиминираат вирусите и бактериите кои предизвикуваат хепатитис.

Обично, овие школки се продаваат во азиските супермаркети. Препознатливи се по сиво-белата боја, и длабоките бразди (и полни се со крв).

Sannakji – Жив октопод (Кореја)

Опасност: гушење

Ова јадење нема да ви наштети кога ќе стигне до стомакот, но може да ве убие по пат. Nakji е вид на мал октопод кој се служи во корејски ресторани и рибни пазари. Нозете (пипалата) на октоподот се отстрануваат додека е жив, така што неговите мали екстремитети се уште се движат по вашата чинија како куп црви.

Опасниот дел доаѓа кога се обидувате да проголтате едно „пипало“ од чинијата, бидејќи може да се залепи за вашите образи или грло, а ризикот од задушување е доста голем. Секоја година, Sannakji убива околу 6 луѓе во Кореја.

Џиновска бик жаба (Намибија)

Опасност: откажување на бубрезите, смрт

Жабата може да биде минско поле на токсини, а кожата и органите се особено опасни за јадење. И покрај тоа, целата бик-жаба (без неколку особено отровни органи) се смета за деликатес во Намибија.

Тие се сметаат за безбедни за јадење по парењето и „третиот дожд“ кога нивните нивоа на токсини се ублажуваат. Ако сте добиле погрешни делови од жабата, или сте уловиле жаба во погрешна сезона, веројатно ќе ви откажат бубрезите многу брзо, а доколку не добиете итна медицинска помош, смртта би била неизбежна.

Blaasop со сребрени риги (медитерански земји)

Опасност: Смрт

За рибарите во Индискиот Океан, оваа риба која може да порасне и до еден метар, долго време е вистинско уживање. Проблемот се јавува доколку не ги отстраните правилно црниот дроб и репродуктивните органи. Отровите кои се наоѓаат во овие органи можат да предизвикаат парализа, проблеми со дишењето и на крајот – смрт.

Благодарение на Суецкиот канал, овие риби мигрирале во источниот Медитеран, каде само во 2007 година имало 10 смртни случаи поради несоодветна подготовка.