Јадењето на суши предизвикува паразитски инфекции

1235

Јапонското суши се претвори во вистинска мода и знак на добар вкус во последниве години, но јадењето може да е опасно за здравјето, алармираат лекарите.

Причината – суровата необработена риба може да доведе до сериозни паразитски инфекции, раскажува ВВС.

Публикација во British Medical Journal го опишува случајот на 32-годишен маж од Лисабон, примен во болница со треска и силни болки во стомакот. По истражувањето, лекарите го утврдиле постоењето на паразит во телото на мажот, кој соопштил дека само пред неколку часа вечерал суши.

Болеста е наречена анизакиоза, бидејќи нејзин причинител се ларви на црвите од семејство Anisakidae, заеднички во гастроинтестиналниот тракт на човекот. Лекарите објаснуваат дека претходно инфекцијата се среќаваше главно во Источна Азија, но веќе се појавува и на Западот.

Anisakis sp. (Anisakidae)

Симптомите вклучуваат гадење, повраќање, стомачни болки, треска, главоболка или дијареа. Специјалистите повикаа на претпазливост во однос на потеклото на јадењата кои ги консумираме. За угостителството е задолжително рибата и морските плодови да бидат добро исчистени и замрзнати за неколку дена пред конзумацијата.

Како што сè повеќе луѓе подготвуваат суши дома, добро е да се почитуваат истите правила на хигиената. Освен тоа морската храна треба да престојувала во замрзнувач најмалку четири дена на температура барем -15 степени Целзиусови. По можност е добро и рибата да биде малку обработена термички.