Најбезбедните овошја за диетата

1155
Гуава

Некои овошја имаат лоша репутација кога станува збор за губење на тежината.

Сепак, овие хранливи производи содржат не само фруктоза, туку и многу корисни минерали и витамини кои можат да ви помогнат да се лишите од вишокот килограми. Видете кои плодови се најпогодни за вас, ако сте на диета:

1. Банани

И покрај општото верување дека се чист јаглехидрат и меѓу најкалоричните овошја, 1 банана на ден е доста корисна. Бананите содржат калиум и се одлична храна за појадок или после тренинг.

2. Папаја

Папата има многу влакна и зголемено количество вода, па нема да ве “натовари” со калории, а во меѓувреме ќе го раздвижи желудникот.

3. Киви

Помага за намалување на нивото на триглицеридите и има повеќе витамин Ц и витамин K отколку еден портокал. Исто така е со ниска содржина на шеќер, што го прави идеален за средни закуски.

4. Јагоди

Овој плод содржи голема количина антиоксиданси, минерали и витамини кои го забавуваат стареењето и го забрзуваат метаболизмот, што го прави совршена храна за губење на тежината.

5. Портокали

Полни со витамин Ц, цитрусните плодови како целина имаат алкален ефект врз нашето тело. Ова помага во борбата со воспаленијата и надуеност, води и до зголемување на нивото на енергија.

6. Јаболка

Поради ниската содржина на шеќер и висока содржина на растителни влакна и минерали – ова овошје е добро да се консумира во шејкови или како ужина.

7. Гуава

Ова е уште еден плод богат со растителни влакна и со низок гликемиски индекс, што го прави безбеден за дијабетичари, кои се обидуваат да соборат некој друг килограм.

8. Лубеница

90% од лубеницата е вода, па дури и мала количина од неа помага да се чувствувате заситени.