Вакцината против рак е базирана на истата технологија како и вакцината против Ковид-19, а исто така ќе се дава во две дози.
Векторската технологија, се чини, нема да има примена само во третманот на ковид-19. Имено, истражувачите од Oxford и Институтот за истражување на ракот Ludwig развиле терапевтска вакцина против рак базирана на векторска технологија. Таа, како што пишува Bloomberg, треба да се применува во две дози.
За време на тестирањето на глувци, вакцината го поврзала нивото на Т-клетки, кои ги потиснуваат туморите и ја подобруваат ефективноста на онколошката терапија. Комбинацијата на вакцини и имунотерапија резултира со побрзо намалување на туморот и повисока стапка на преживување кај глувците.
Клиничките испитувања врз луѓе треба да започнат една година откако ќе се види подобрувањето кај глувците, а ќе вклучат 80 луѓе кои страдаат од рак на белите дробови.
Една доза од оваа вакцина го има истиот вектор како и вакцината против Ковид-19 на AstraZeneka. Овој вектор е одговорен за пренесување на генетскиот код што го принудува човечкиот имунолошки систем да таргетира два специфични протеини лоцирани на површината на клетките на ракот, со што се обидува да го потисне неговото ширење и репродукција.



















