Преку секс до ДОГОВОР | Што се случува кога два различни вируси напаѓаат иста клетка во исто време? Процесот е бизарен, но доста загрижувачки

1351

Во текот на зимата во делови од светот со умерена клима, луѓето често се инфицираат со повеќе респираторни вируси во исто време.

Во моментов на сите во мисли им е само еден вирус – новиот коронавирус што предизвикува болест Ковид-19. Сепак, тоа не е единствениот респираторен вирус што постои, веќе се вирусот на грип А и респираторниот синцицијален вирус, кој предизвикува илјадници смртни случаи секоја година, пишува The Conversation.

Повеќето респираторни вируси, освен грипот и новиот коронавирус, немаат вакцини или пак ефективни третмани.

Една неодамнешна студија од Универзитетот во Glasgow откри што се случува кога едно лице се инфицира со повеќе респираторни вируси во исто време, што покажува како тие влијаат врз луѓето и како можеме да се заштитиме од нив.

Коинфекција – зарза со повеќе вируси истовремено

Респираторните вируси често се јавуваат во текот на зимата во делови од светот со умерена клима или за време на сезоната на дождови во екваторијалниот појас. Во овој период, луѓето често се инфицираат со повеќе такви вируси во исто време, што се нарекува коинфекција.

Студијата покажа дека до 30% од инфекциите можат да бидат предизвикани од повеќе од еден тип на вирус. Ова значи дека во одредена точка, два различни вируси ги напаѓаат клетките што го опкружуваат носот и белите дробови.

Ко-инфекцијата кај вирусите на грип се нарекува „антигенска промена“ и е предизвикана од „сексуален однос“ на различни вируси во иста клетка, каде што разменуваат гени и може да се појави нова варијанта на вирусот.

Меѓутоа, коинфекцијата може да загрози некои вируси, ако земеме предвид дека сите вируси се борат за истото – за нашите клетки. Некои од нив блокираат други вируси, додека други соработуваат. Но, сѐ уште не е познато што ги тера вирусите до овие позитивни или негативни интеракции за време на коинфекцијата, но студиите на животни сугерираат дека ова би можело да биде пресудно за да се утврди колку сериозно човекот ќе се разболи.

Студија од Универзитетот во Глазгов проучувала што се случува кога човечките клетки во садот се инфицираат со два различни респираторни вируси. За експериментите, тие ги користеле гореспоменатите вируси на грип А и респираторен синцицијален вирус, вообичаени вируси кои предизвикуваат бројни болести и смртни случаи секоја година. Научниците во лабораториите во висока резолуција набљудувале што се случува со овие вируси.

Химеричните вируси можат да заразат повеќе клетки

Откриле дека некои белодробни клетки биле заразени со двата вируси истовремено, а по поблиско набудување на коинфицирани клетки, откриле дека вирусите што излегуваат од овие клетки по размножувањето имаат структурни карактеристики на двата вируси. Овие нови химерични вируси на нивната површина имале протеини од двата вируси, па дури содржат и гени на двата вируси. Ова е и првиот доказ дека такво нешто се случува по коинфекција со два различни респираторни вируси.

Последователните експерименти покажале дека овие нови химерични вируси се целосно функционални и дури можат да заразат клетки кои биле имуни на вирусот на грип, најверојатно затоа што користеле синцицијални вирусни протеини за да влезат во тие клетки. Така, вирусите го зголемиле опсегот на клетки што можат да ги заразат, што е поголем од оној што го имаат поединечно.

Студија од Универзитетот во Glasgow има значајни импликации за нашето разбирање за тоа како другите различни респираторни вируси можат да комуницираат, да се антагонизираат, па дури и да поттикнат инфективност во екосистемот на нашите носови и белите дробови.

Идните студии ќе покажат како коинфекцијата влијае на преносот, болест и имунитет, или појави кои не е лесно да се детектираат со набудување на вирусот во лабораторија.