ОБОРИЛА РЕКОРД | Црногорка освои титула за најголема мрза: Сакала таа уште да лежи, но дождот ја зезнал! Видео

1994

Оваа година учествуваа вкупно десет натпреварувачи, а претходниот рекорд е од 52 часа.

Дубравка Аксиќ од Подгорица ја освои титулата за најголема мрза, а со титулата и награда од 350 евра. Аксиќ ги собори сите претходни рекорди, па новиот е цели 117 часа.

Веројатно не би застанала на овие 117 часа, ако не беше дождот кој во меѓувреме почнал да паѓа. Тоа се случило во вторникот околу три часот наутро, па Никола Бошковиќ од Никшиќ го прекинала своето натпреварување и победата ѝ ја препуштил на дамата, пишува порталот Vijesti.

Неговиот сограѓанин Марко Вучковиќ станал на нозе два часа порано, а Дубравка по победата изјавила:

“Беше тешко, и студено. Дури и досадно ни беше. Навистина, стана напорно само да се лежи, па почнавме да го повикуваме дождот да ни пресуди. Меѓутоа, ако не паднеше, најверојатно ќе бевме сѐ уште таму”. таа рече.

Никола и Марко открија дека и предложиле на Дубравка сите да станат и да ја поделат наградата, но упорната Подгоричанка била решена да го земе златниот медал од единствениот и по десетти пат одржан натпревар во етно селото “Montenegro” во селото Брезна ( 86 километри од Подгорица).

Оваа година учествуваа вкупно десет натпреварувачи, а претходниот рекорд изнесувал 52 часа.