Сама си го барала | Предложила отворена врска за да го спаси бракот, а потоа го обвинила за неверство

1520

Кога дознала за состанокот на нејзиниот сопруг, во солзи повикала пријателка која баш не ја тешела.

Жена која му предложила на својот сопруг да пробаат полиаморија за да го спаси бракот, го обвинила за изневерување затоа што успеал да најде партнер пред неа, пишува Мирор.

Иако Mike првично не бил заинтересиран за таков договор, затоа што сакал да го спаси бракот. Нивната полиаморска авантура морала да почека заради lockdown, но кога се укина, Mike не губел време и наскоро договорил состанок. Но, Bella била “скршена“ затоа што сопругот пред неа фатил врска, а кога им се обратила на своите пријатели за совет, тие и рекле дека го добила заслуженото.

Една од нејзините пријателки ја споделила приказната на Reddit.

Таа збеснала кога нејзиниот сопруг заминал на првиот состанок

“Мислела дека тоа е единствениот начин да преживее нивниот брак затоа што го сакала, но се чувствувала неисполнето. Mike се согласи со двоумење бидејќи не сакал да ја изгуби. Кога го прашав за тоа, тој изгледаше како да не воодушевен”, напишала таа.

Таа додала дека парот станал уште поблизок за време на карантинот, а сопругот воопшто не сметал дека неговата сопруга навистина ќе остане на идејата за отворена врска. Сепак, таа пред три месеци повторно го спомнала тоа и тие се согласиле за околу некои правила. Набргу потоа, Bella повикала пријателка во солзи, тврдејќи дека Mike ја изневерил.

“Ми кажа дека цел ден се обидувала да го добие сопругот на неговиот мобилен телефон, но тој бил на “судар” и сѐ уште не се вратил дома. Ја прашав дали е ова баш сѐ во ред меѓу нив двајцата. Таа во солзи ми рече дека е и дека е тоа е договорот, но дека не успеала да оди на ниту еден состанок затоа што била зафатена со работа, а Mike само отишол на својот состанок, како да не му значи ништо”, откри пријателката.

Дел од планот вил и меѓусебно да не откриваат деталите за состаноците, но Bella чувствувала како нејзиниот сопруг да ја исмејува.

“Не знаев што да ѝ кажам, па реков: “Душо, искрено, го доби она што го бараше”. Беше лута на мене и викаше дека не сум нејзин добар пријател и дека треба да разберам како се чувствува, но искрено, мислам дека е вознемирена само затоа што нејзиниот сопруг го прави она што го предложила”, заклучи таа.

Reddit на страна на пријателката и сопругот

Откако ја споделила приказната на Reddit, другите корисници и препорачале дека не сторила ништо лошо и дека Bella е одговорна за целата ситуација.

“Таа сакала отворена врска, и ја добила”,

“Луѓето секогаш се заинтересирани за отворени врски, сè додека не се сетат дека нивниот партнер може да има отворена врска”,

“Таа не очекувала дека навистина ќе спие со други луѓе. Таа само сакала да спие со други без тоа да се смета за мамење”,

“Внимавај што сакате затоа што тоа може навистина да се случи. Никогаш не помислила дека во отворен брак и двајцата сопружници можат слободно да бараат некој друг”, се некои од коментарите.