Нов мобилен мултикултурен тоалет | Фото

2016

Верувале или не, германските тоалети се премногу сложени за голем дел од бегалците кои во последно време ја наполнија земјата, пишува “Франкфуртер алгемајне цајтунг”.

Иако има специјални упатства и слики, бегалците немаат искуство со вакви тоалети и не можат да ги користат, пишува германското издание.

Како резултат на тоа, тие често си “вршат работата” на подот во тоалетите и бањите.

Новиот производ е дело на производителот на тоалети Global Fliegenschmidt во Козвиг, а новиот дизајн е инициран за првпат во весник со наслов “Тоалет која секој може да го користи”.

“Новиот мобилен мултикултурен тоалет ќе го реши проблемот”, пишува весникот, и додава дека на тој начин луѓето ќе навикнуваат да коегзистираат заедно.