Потребно
- 400 грама топла пушена скуша (каре)
- 200 грама крем сирење
- сок на 1-2 лимони
- 1 мала врска листови од магданос
- 1 лажица трпезен рен
- неколку капки маслиново масло
- неколку стапчиња свеж кромид
- црн пипер
- сол, ако е потребно
Подготовка
Сите состојки се ставаат во кујнски блендер и се мелат во фина паштета. Послужете во соодветни чинии со топол и крцкав леб.



















