Koлач со авокадо

1457

Потребно

  • 1 авокадо
  • 4 јајца
  • 160гр шеќер
  • 1 ванила
  • кора и сок од половина лимета или лимон
  • 50мл млеко
  • 50гр мелени ореви
  • 170гр путер
  • 340гр брашно
  • 1 пециво
  • глазура
  • 100гр шеќер во прав
  • сок од лимон
  • сецкани фстаци

Подготовка

  • Прво се чисти авокадото, па се ренда.
  • Сега во вангличка се ставаат јајцата со шеќерот и се матат до згуснување.
  • Постепено се додаваат млекото и омекнатиот путер, па сокот од лимон и кората,брашното, оревите, пецивото, ванилата.
  • Со шпатула сето убаво се соединува.
  • Смесата се истура во долгнавест калап за печење.
  • Се печи околу 40 мин на 180 степени.
    се остава на решетка да се излади.
  • Се спрема глазурата.
  • Се соединуваат шеќерот и сокот од лимон.
  • Се прелева изладениот колач и се посипува со фстаци.