Еве колку јаболковиот оцет помага при слабеење

1307

Јаболковиот оцет се користи како лековит додаток стотици години. Научниците докажаа многу придобивки од него. Една од најзначајните е намалувањето на крвниот шеќер.

Но, може ли оцетот да помогне при слабеење?

Оцетната киселина е главната активна компонента на јаболковиот оцет. Исто така познат како етанова киселина, тој е органско соединение со кисел вкус и силна арома.

Терминот оцетна киселина доаѓа од acetum, латинскиот збор за оцет. 5-6% од јаболковиот оцет е оцетна киселина. Таа исто така содржи вода и траги од други киселини како јаболкова киселина.

Една лажица (15 мл) содржи околу три калории и речиси никакви јаглехидрати.

Научниците го тестирале врз животни влијанието на оцетот при слабеење. Еве и што утврдиле:

  • Шеќерот во крвта се намалува и ја подобрува работата на црниот дроб
  • Ги намалува нивоата на инсулин
  • Го подобрува метаболизмот
  • Го нмалува обемот на масните депоа
  • Гори масти

Нешто повеќе – при прием на оцет се создава чувство на ситост, што значи дека прифаќаме помалку калории во текот на денот. Научниците разделиле мала група на луѓе на две. Им давале високојаглехидратна храна и на двете групи. На едната сепак ѝ давале и оцет.цГрупата, која внесувала оцет, имала 55% пониска шеќер во крвта после јадење од другата.

На крајот на денот групата со оцетот примала и до 300 kcal помалку.

Слабеење со јаболков оцет

12-неделна студија, која опфатила 144 дебели возрасни Јапонци, покажува интересни резултати. Едната група примала по 1 лажица дневно оцет, другата – 2, а третата сладок газиран пијалок. Сите продолжиле да се хранат како порано.

Резултатите кај првата група

  • Средно губење на тежината – 1,2 кг.
  • Процентот на мастите паднал за 0,7
  • Обемот на половината паднал за 1,4 см.
  • Триглицериди паднати за 26%

Резултатите кај втората група

  • Средно губење на тежината – 1,7 кг.
  • Процентот на мастите паднал за 0,9
  • Обемот на половината паднала за 1,9 см.
  • Триглицериди паднати за 26%

Третата група забележала пораст на килограмите во просек со 0,4 кг.

Како да го консумираме оцетот?

Лесно може да се меша со маслиново масло и да се додава на лиснат зеленчук, краставици, домати. При желба може да се меша и со вода во текот на целиот ден, при што во растворот се ставаат 15-30 ml оцет.