Еве како да одберете здрав леб кој може да го консумирате секојдневно

1144

Во денешно време, голем предизвик е да се внимава на исхраната поради брзото темпо на живот, секојдневните обврски и деловните ангажмани.

Но, од друга страна, здравата храна е сега подостапна од кога било, па веќе нема силни изговори за тоа зошто не се храниме поздраво.

Една константна стигма што кружи во нашето општество е дека кога ќе одлучиме да се храниме здраво, лебот треба да се избегнува, а нашите дневни оброци да бидат составени од повеќе зеленчук, овошје, помалку месо и речиси без тестенини и производи од брашно.

Она што е изоставено во ова мислење е балансот на исхраната. За правилно функционирање на еден организам најважна е балансираната исхрана, односно внесување разновидна храна во умерени количини.

Ако ја погледнеме пирамидата на исхраната, ќе видиме дека со секој оброк е препорачано да се консумира најмалку едно парче леб. Секако, интегралниот леб е правилниот избор бидејќи е извор на Б витамини и растителни влакна. Најмала доза на консумација имаат маслото, мастите, шеќерот и солта.

Потоа, на следното ниво, со поголема застапеност во исхраната, се месото, рибата и мешункастите плодови, заедно со млекото и млечните производи, кои се извор на протеини кои се важни за организмот. Следуваат овошјето и зеленчукот кои се препорачува да се консумираат често и тоа комбинирани или, пак, самостојно во текот на целиот ден.

Најзастапени во пирамидата се токму јаглехидратите односно житарките (леб, тестенини), ориз и компир. Овие намирници се препорачани во оптимални количини во секојдневното мени.

Знаејќи го овој факт, следно прашање е како да одберете здрав леб кој може да го консумирате секојдневно?

Одговорот е дека најважно е да одберете леб кој е 100% интегрален, што значи направен од цели зрна жито, да има 3-5 грама влакна и 3-4 грама протеини по парче и да нема бои, конзерванси и додадени шеќери.