Кои допири најмногу ги возбудуваат жените

1477

Допирот и бакнежите се дел од љубовната игра. Тие би можеле да ја предизвикаат многу силно жената, дури и да ја натераат да достигне кулминација, ако се следат одредени техники.

“Милувајте ја по местата кои најчесто ги пропуштате.”, Вели д-р Ивон К. Фулбрајт, автор на книгата “The Better Sex Guide to Extraordinary Lovemaking”. Ова ќе ја возбуди, но и ќе ја зајакне врската меѓу вас.“, Додава таа.

Како машкото, така и женското тело има специфични области кои при одредена стимулација водат до дивеење и екстаза. Видете неколку видови допир кои најсилно ги возбудуваат жените.

Бакнување по лактот

“Fossa antecubitis” е латинското име на областа на свивката на лактот во која крвните садови се прилично блиску до површината на кожата, што го прави местото премногу чувствително.

Тоа е исто така и место на кое нервите се спојуваат во ганглии – збир на нервни клетки “, објаснува д-р Стела Резник. Како да ја стимулирате оваа зона? Земете ѝ ја раката полека испружете ја. Бакнувајте ја и галете нежно. Поминете со јазик по кожата, загрејте ја со топлиот здив.

Галете по стомакот

Со галењето на оваа област од женското тело навистина ќе го израдувате партнерот. Сепак, треба да се надмине загриженоста кај многу дами од тоа како изгледа стомачето. Во горниот дел на стомакот има сноп од нерви кои ако бидат стимулирани соодветно, можат да ја возбудат вистински жената.

Започнете со рака или со усни и јазик од областа под градите. Бавно продолжете кон папокот. Стомачните мускули се опуштаат, а истовремено протокот на крвта кон клиторисот се зголемува. Забавете го темпото, за да може партнерката да биде максимално возбудена, кога ќе продолжите со следната љубовна база.

Продолжува на страна 2