Повеќе за женскиот оргазам

1414

Едно од најпријатните чувства за човекот е оргазмот.

Тој, сепак, не е само физичко задоволство, а како што веќе знаете, носи и многу придобивки – го подобрува расположението, тонизира, ја зголемува мозочната активност, смирува, ja регулира хормоналната рамнотежа и т.н. И сепак има многу жени кои имаат потешкотии со искусувањето на оргазам.

Можеби некои од следниве факти ќе ги мотивираат и ќе ги инспирира да се обидат повторно и повторно:

Оргазмите стануваат поубави со возраста

Веројатно затоа што имаат повеќе искуство или бидејќи веќе се ослободени, но повеќе дами признаваат дека имаат посилни и квалитетни оргазми по 30-те.

Жените можат да доживеат бројни оргазми, мажите не

Тие ни се фалат дека секој пат свршуваат, но по еднаш. Додека жените имаат корист и можат да достигнат до врвот неколку пати и тоа со различен интензитет (бидејќи има доста оргазмични точки) во рамките на еден “тек”.

Доста жени мастурбираат за да достигнуваат оргазам

За жал, нема копче што го вклучува оргазмот и понекогаш дури и сексот да е добар, чудото не се случува. При мастурбирање, жените се помирни и не мислат како изгледаат, што мисли тој и т. н. (Што секогаш се случува за време на секс) и затоа многу полесно се стигнува до врвот. Мастурбирањето е корисно и помага да го запознаете телото подобро.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2