Благодарение на донацијата од Lexus, јапонската полиција сега е побогата за уште еден врвен автомобил.
Во нивната „гаража“ пристигна Lexus LC 500, чии клучеви беа лично предадени од првиот човек на компанијата, Казуо Накамура. Автомобилот е даден на употреба на полицијата на префектурата Точиги, која има долга традиција на користење јапонски автомобили.
Имено, нивната флота вклучуваше автомобили како што се Honda NSX, Mazda RX-7, Nissan Skyline R34 и R33 и Subaru Impreza STi. Новиот Lexus, придвижуван од атмосферски V8 мотор од скоро 500 КС, ќе се користи заради одржување на редот на патиштата.
Потсетуваме дека Lexus е под покровителство на Toyota и важи за производител на врвни спортски и луксузни модели.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















