Една европска земја забранува абортус! Црквата слави, жените се лути а последиците допрва ќе следуваат

1327

Реакциите во јавноста се бурни, со тоа што конзервативците слават „заштита на животот“.

Врховниот суд во Полска оваа недела донесе одлука дека абортусите се неуставни дури и кога фетусот има деформитети, што беше еден од последните дозволени случаи во кои жената може да ја прекине бременоста.

Реакциите во јавноста се бурни – конзервативците слават „заштита на животот“, критичарите велат дека тоа е кршење на човековите права, а жените маршираат по улиците. Кога одлуката стапува на сила, бремените жени ќе мора да ја носат бременоста дури и кога се знае дека детето ќе се роди неизлечиво болно.

Абортусот ќе биде дозволен само во случаи на силување, инцест и кога тоа го загрозува здравјето на мајката. Прописите за абортус во оваа претежно католичка земја биле едни од најригорозните во светот порано. Судот толкува дека Уставот пропишува заштита на животот „во секоја фаза од развојот“ и им дал право на група пратеници на владејачката конзервативна партија “Закон и правда” кои го покренале случајот пред Уставниот суд.

Законот што овозможи абортус кај тешка деформација на фетусот беше донесен во 1993 година. Групите за човекови права ја повикаа владата во последните неколку недели да не ги заостри законите.

Дуња Мијатовиќ, комесарот за човекови права на Советот на Европа, напиша на Твитер дека денот кога беше изгласан новиот закон беше „тажен за правата на жените“.

Отстранувањето на правната основа за скоро сите легални абортуси во Полска е казна и кршење на човековите права – напиша Мијатовиќ, додавајќи дека одлуката на судот значи дека жените што можат да си го дозволат тоа ќе вршат абортус во странство или незаконски, а другите ќе бидат изложени на „уште поголеми мачење“.

Од друга страна, лидерот на полското движење Pro-Life, Каја Годек и мајка на дете со Даунов синдром изјави дека Полска со новиот закон стана „модел за Европа и светот“.

„Не попуштаме под притисокот на нашето време да маршираме лево и да ги прошириме можностите за убиство на луѓе“, рече таа.

Опозицијата беше критична кон одлуката. Поранешниот полски премиер Доналд Туск ја нарече „цинична“ одлуката на „псевдо-судот среде галопирачка пандемија“.