Како летањето со авион влијае на кожата

1121

Кога станува збор за кожа и летате со авион … можеме да кажеме само дека летањето е за птиците.

Освен еуфоријата при патување, особено кога е убав повод како посета на стар пријател, екскурзија или одмор, постојат неколку негативни страни на летањето.

Токму од овој вид транспорт излегува проблем на кожата, без разлика дали сте во бизнис класа или економична таква.

Ви претставуваме што се случува со кожата во текот на летот и каква штета може да нанесе тоа.

Влажност како во пустина – многу сува кожа

Првиот “допир” на кожата во авион е со сувиот воздух во кабината. Обично, идеалната средина треба да е со влажност помеѓу 40% и 70%. Повеќето авиони се со влажност од околу 20%. Резултатот од тоа варира помеѓу сушење, до модринки и дури и црвенило на кожата. Можете да го спречите со пиење повеќе вода за време на патувањето и користење на крем.

Очите, носот и усните не се имуни

Сте забележале ли дека не секогаш успевате да го почувствувате мирисот на кафето на палубата? На таква височина се чувствува сушење на слузокожата, што влијае на чувството на мирис и вкус. Други среќавани несакани ефекти се сувите усни и чешање во очите. Земете ги своите хидратантни капки како за нос, така и за очи и во никој случај не заборавајте балсам за усни.

Кога кожата ќе се исуши, тоа се компензира со прекумерно мастење на кожата

Сувиот воздух и ниската влажност водат до поголеми црни точки на брадата, носот и челото. Зголеменото производство на себум е начинот на вашата кожа да ви соопшти дека средината во која е во моментот, е премногу сува.

Кабината може да го “земе” сјајот на кожата

Налагањето при извесна висина може да го создаде истото чувство како при искачување на висок врв. Колку повисоко се наоѓате, толку помал ќе биде приливот на крв во кожата, што може да ви одземе сјај.

Задржувањето на вода носи подуено лице по лет

Бездејствието, како и количеството на сол во храната што ќе ја консумирате во авионот, предизвикува задржување на водата, кое се изразува во подочници. Откако ќе слетате, најдобро да си направите една долга прошетка, за да ги редуцирате несаканите ефекти.