Жените изневеруваат поради овие две главни причини

1606

Францускиот сајт за вонбрачни изневери Gleeden откри дека речиси 75 проценти од жените ги мамат своите партнери, бидејќи тие не им помагаат во доволна мера во домаќинството, пишува “Дејли мејл”, цитиран од агенциите.

Порталот стигнал до овие заклучоци, откако испитал 10 000 свои корисчнички.

Некои од анкетираните дами велеле дека целосно изгубиле сексуален интерес кон партнерот, откако тој упорно бил мрзелив и не пипал ништо по дома.

31 проценти од жените пак го објасниле неверството со идејата да се почувствуваат секси и пожелно.

Според неодамнешното истражување на Универзитетот во Алберта мажите кои упорно се грижат за домаќинските задолженија, имаат чест и задоволувачки секс со партнерката.