“Премногу христијанки ја губат својата шанса за вечен живот, затоа што мастурбираат!”

1550

Упс! Жените кои мастурбираат, одат директно во пеколот! Почнат ли да си играат со себе и веднаш им се лепел демонот, ама за мажите не е толку опасно.

Познатиот издавач Мак Мејџор од “Идн Декоудед” напиша на Фејсбук: “Премногу христијанки ја губат својата шанса за вечен живот, бидејќи мастурбираат!”

“Дилдо-тата и сите видови на секс-играчки од илјадници години се поврзуваат со демонските ритуали”, пишува тој.

Ова всушност бил еден од главните начини на кои паганските општества ги поздравиле своите богови. Во тоа нема ништо нормално и секој христијанин треба да се засрами.

Тоа премногу реско мислење е од неговата книга “Diva, Goddess, Queen: Breaking The Power Of Soul Ties, Lust And Sexual Demons”. Во неа се гледа за сексот и особено мастурбацијата. Еве уште еден цитат од книгата:

Резултат со слика за Too many Christians masturbate gif

“Има и сексуални демони. Опасноста од мастурбацијата е во тоа дека некој може ненамерно да се предаде на сексуалниот демон, кој се поврзува со нас преку мастурбацијата. Кога овој демон ќе се закачи, да избегате од него е исклучително тешко. Ќе ви се сака да мастурбирате, дури и да не сакате, ќе ви треба да си играте со себе и таа желба ќе биде така силна да никаков оргазам нема да го замени.”

Авторот сепак не прецизира дали мастурбирњето а кај мажите е исто толку опасно и дали ги нанесува истите порази на бесмртната душа.Тоа ќе да го простува…