Задржувањето на физичко растојание е еден од главните начини за справување со смртоносниот вирус.
Колку повеќе ги почитуваме мерките за превенција во борбата против ширењето на вирусот корона, толку подобро ќе поминеме и помалку ќе се разболуваме од „ковида-19“.
И веќе долго време знаеме дека една од основните превентивни мерки е физичката оддалеченост. Јасно е дека тие метар до два растојанија меѓу луѓето не можат секогаш да се почитуваат, особено во јавниот превоз, продавниците, маркетите…

И, секако, проблемот се јавува со употреба на јавни тоалети – затоа што кога ќе се појави неволја, кој ќе размисли за физичко растојание?
Меѓутоа, кога ќе размислите за тоа, и тоа може да се реши … да, можеби ќе треба да почекате уште малку чекајќи го вашиот ред, но кога е корона во прашање – без милост.
Тука можете да видите како градските власти во британскиот град Сент Олбанс, градот лоциран на 30-тина километри од Лондон, се борат против ковид-19.
Затворени писоари, затворени фонтани – не смееме да стоиме едни покрај други!



















