Диетални трикови кои не фунцкионираат

1291

Сте го пробале секој трик за слабеење, кој ви излетал пред вашите очи, но вашата фигура едноставно не се менува и конечно си велите дека не сте создадени за тесните фармерки.

Не се откажувајте и не верувајте слепо на сè што ќе чуете или прочитате.

Ново истражување разоткрива некои митови за губењето на тежината и кажува јасно зошто многу жени не успеваат да ги соборат посакуваните килограми, иако следат строги диети и совети.

Еве и што не функционира:

Мит 1: Треба да ослабам полека!

Наглите диети навистина водат до јо-јо ефект, но тоа не значи дека треба да слабеете со по еден килограм неделно (како што досега се тврдеше). Истражувањето покажува дека колку пократкорочни планови си наметнеме, толку помотивирани ќе бидеме.

Мит 2: Пиењето вода штити од прејадување и внесот на многу калории!

Да, течностите доведуваат до чувство на ситост, но пак со тоа ја зголемува фреквенцијата на мокрење и предметните пијачки брзо излегуваат од организмот. Во меѓувреме вие ​​го јадете она што ви душа сака, во помали количини, но почесто и конечно консумираните калории се дури и повеќе од оние кои немаше да ги изедете со едно посериозно јадење на целосно празен стомак, тврди Барбара Рос, професор на универзитетот Пен.

Мит 3: Колку помалку калории, толку подобро!

Точно е дека за да ослабете, треба да консумирате помалку калории и да потрошите повеќе.Но премногу нискиот внес на калории доведува до забавување на метаболизмот, што автоматски го запира процесот на слабеење и го збунува разградувањето на различни хранливи групи во телото. Може да се стигне дотаму што сè што јадете, директно ќе се лепи по вашето тело и да не успеете да се ослободите од него. Во секој случај не внесувајте помалку од 1200 калории на ден.