3 домашни грижи со кокосово млеко

1451

Времето околу празниците ни дава можност да се погрижиме за себе со различни спа третмани и други грижи дури и дома.

Искористувајќи секакви мириси, ние им помагаме на сите наши сетила да се опуштат. Еден мирис, кој почесто треба да го додавате во секојдневните грижи е тој на кокосот.

Кокосовото млеко е одлично не само за пиење, но и за домашни козметички рецепти. Денес споделуваме три миризливи грижи со арома на тропикана.

Гел за туширање

Кон гелот за туширање кој го користите, додадете 1/4 чаша полномасно кокосово млеко. По желба може да додадете и неколку капки етерично масло од лаванда. Значи за секој еден ден ќе имате една неверојатна кокосова грижа за вашата кожа. Кокосовото млеко може да биде дел и од вашите релаксирачки бањи.

Млечна када

Сите сме ја слушнале легендата за Клеопатра и нејзините млечни бањи, на кои се должела убавата и млада кожа. Уживајте и вие како вистинска принцеза. Земете 1/2 чаша овесни снегулки. Додадете ги кон кадата заедно со 1-2 чаши кокосово млеко и една лажица мед.

Кокосов пилинг

Во чинија комбинирајте 1/2 чаша кокосово млеко со 1/2 чаша кафеав нерафиниран шеќер и лажица кокосово масло, претходно малку стопено во микробранова печка (но да не е топло, за да не го раствори зрното шеќер) или во водена бања.
Измешајте добро и нанесете врз кожата со лесни масажни движења (откако ќе се искапете со гел за туширање). Масирајте околу 2-3 минути, а потоа исплакнете со вода.

Ќе видите колку мека и потхранета ќе биде вашата кожа по овие три грижи со кокосово млеко.