Во онлајн просторот има голем број на сајтови и апликации за познанства и секс и тоа остава впечаток дека не е тешко да се најдат и двете. Излегува сепак, дека љубовта, врските и интимниот контакт “страдаат” енормно токму заради модерниот начин на живот.
Ново истражување на научниците од Универзитетот во Глазгов тврди дека младите веќе не сакаат да имаат секс и во голема мера може да го обвинуваме за тоа интернет просторот. Во истражувањето учествувале 2300 Британци на возраст меѓу 16 и 21 година, од кои една третина признале дека веќе немаат желба за интимност и често се превидува сексот заради порно и чет во мрежата.
Испитаниците додаваат дека дури побарале помош од професионалци за подобрување на сексуалниот живот, кој бледнее најмногу поради недостаток на интерес.
Податоците во Америка се уште пострашни. Додека во Велика Британија неподготвеноста за интимност меѓу младите влијае на околу 28%, во САД тоа е двојно поголема.
Резултатите од истражувањето објавено во Journal of Adolescent Health, предупредуваат дека порнографијата исто така има вина за ниската сексуална активност на мажите на крајот на пубертетот и почетокот на 20-тите.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















