Во екот на летото и сончањето, добро е да зборуваме за важноста на производите за сончање. Изложеноста на сонце, лежењето на плажа и пријатните активности крај морето се омилени на многумина, но опасноста од изгореници и рак на кожата е нешто што не смее да биде одминато.
Август е еден од најтоплите месеци во годината. Токму тогаш опасноста од сончевите зраци е и најголема.
Примената на крем за сончање е задолжителна. Но, често се наоѓаат грешки при употребата на ваквите производи, што го зголемува ризикот од појава на рак на кожата.
Кои се овие чести грешки и како да ги избегнеме?
Аплицираме крем за сончање, само кога сме на сонце
Многу луѓе не сфаќаат дека сончевите зраци се способни да поминат низ облаците и дури и на шарена сенка. Дури и кога одиме по улица без да сме на плажа и да се печеме, штетните UV-зраци продираат во кожата.
Затоа во повеќето сончеви и топли денови средствата за сончање треба да се применуваат во сите случаи пред да излезете надвор.
Избираме креми за сонце со висок фактор на заштита и стоиме под него долго време
Тоа што производот е со висок фактор на заштита не значи дека може да се изложите на сонце подолго време. Експертите советуваат да се следи едно едноставно правило – колкав е бројот на факторот, толку минути да стоиме на сонце по едно премачкување.
Откако ќе истечат овие минути мачкањето треба да се повтори. Односно, ако сте избрале крем за сончање со фактор 30, не треба да стоите на сонце повеќе од 30 минути по едно премачкување.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















