Чести грешки при употребата на крем за сончање

1186

Нанесуваме премногу мала количина производ за сончање

Повеќето кремови за сончање оставаат бели траги на кожата, особено при мокрење и потење. Многу луѓе се загрижени дека овие бели траги ќе останат по нивната облека.

Здравјето на кожата е поважно од сè и компромиси не треба да се прават. Затоа е потребно да се нанесува обилно количество производ, за да бидете сигурни дека не е останато неизолирано ќоше од кожата.

Користиме производи кои останале од лани

Тука исто така не треба да се прават никакви компромиси. Ако ви останал крем за сончање од минатото лето, фрлете го. Контраиндикаторно е да користите производи од претходната година, дури и рокот на траење да не е истечен.

Тие сепак биле веќе отворени, што го зголемува ризикот од атмосферски притисок.

Користиме само спреј

На пазарот се нудат различни видови на спреј за тен со заштитен фактор . Дерматолозите не ги препорачуваат, бидејќи спрејовите не се особено сигурни. Многу луѓе се потпираат само на прскање и не размачкуваат потоа. Така повторно остануваат соголени зони по кожата, изложени на сонце.

Пропуштаме важни места

Често не сфаќаме каде можеме да изгориме , додека тоа не се случи и не почувствуваме болка. Едни од најчесто заборавајте места се ушите, зад нив, носот, горниот дел на стапалата точно под глуждот, градите, стомакот, усните, челото, вратот, скалпот.

Неслучајно тоа се и местата на кои луѓето најчесто развиваат рак на кожата.

Нанесуваме крем сончање непосредно пред плажа

Ова се случува затоа што ретко ги читаме инструкциите на пакувањето. На повеќето кремови за сончање се препорачува нанесувањето на производот минимум 30 минути пред изложување на сонце.

Значи има доволно време производот да навлезе во длабочина и да заврши работа.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.